Фирмите што ќе остварат загуба годинава нема да имаат обврска да исплатат К-15

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фирмите што ќе остварат загуба годинава нема да имаат обврска да исплатат К-15

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци.

Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Владата го презентираше четвртиот сет антикризни-мерки апелираше и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да им исплатат К-15 на своите вработени.

Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на  граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ, рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата