ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Азербејџан: „Има мртви и ранети, ќе одговориме“ (ФОТО / ВИДЕО)

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Азербејџан: „Има мртви и ранети, ќе одговориме“ (ФОТО / ВИДЕО)

По повод ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците откако ерменските сили отворија оган по линијата на раздвојување.

„Ерменските сили утрово започнаа да пукаат врз позициите на азербејџанската армија и населбите во различни насоки долж линијата на раздвојување. Огнот бил отворен од разни оружја, вклучително и од голем калибар. Тоа е уште една воена провокација на Ерменија “, рече Алиев.

Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.

„Во моментов, нападите врз непријателските позиции се во тек, уништена е воена опрема“, рече Алиев.

Утрово се случи нова ескалација во Нагорно Карабах.

Ерменија соопшти дека нејзините сили собориле два азербејџански хеликоптери и три беспилотни летала, а Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале по линијата на раздвојување и дека имало жртви меѓу цивили.

Во меѓувреме, во Нагорно Карабах беше воведена воена состојба и беше прогласена општа мобилизација. тогаш во Ерменија беше прогласена воена состојба и општа мобилизација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата