Тенковската битка меѓу Ерменија и Азербејџан: ПРВИТЕ СНИМКИ ОД ВОЈНАТА ВО НАГОРНО КАРАБАХ (ВИДЕО)

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тенковската битка меѓу Ерменија и Азербејџан: ПРВИТЕ СНИМКИ ОД ВОЈНАТА ВО НАГОРНО КАРАБАХ (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Ерменија објави видео во кое беше забележано како ерменските вооружени сили ги напаѓаат азербејџанските трупи во областа на регионот Нагорно-Карабах, каде што се водат борби од утрово.

Ерменската влада прогласи воена состојба и општа мобилизација поради ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах, објави премиерот на оваа земја, Никола Пашинјан.

Пашијан објави објава на Фејсбук во која напиша дека е прогласена воена состојба и општа мобилизација во земјата, пренесува ТАС.

Претходно, претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Артјунјан, прогласи воена состојба и мобилизација на сите граѓани на возраст над 18 години.

Утринава ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави дека вооружените сили на Азербејџан започнале офанзива во правец на регионот Нагорно-Карабах и дека одбраната успешно ја држи ситуацијата под контрола.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека Ерменија започнала интензивно гранатирање на позициите на азербејџанската армија и населени места, поради што вооружените сили на оваа земја одлучиле да започнат контраофанзива по целата линија на фронтот. Азербејџан пријави штети, како и повредени меѓу цивили.

Портпарол на Министерството за одбрана на Ерменија изјави дека два хеликоптери и три беспилотни летала на азербејџанските вооружени сили биле погодени за време на конфликтот во Карабах, објави новинската агенција ТАС.

Конфликтот меѓу Баку и Ереван започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах прогласи отцепување од Азербејџан.

За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони.

Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, Соединетите држави и Франција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата