Реал (М) со многу напор и гол од пенал дојде до првата сезонска победа во Ла Лига. Бранителот на титулата имаше исклучително тешко гостување на „Бенито Виљамарин“ во Севиља, каде Бетис го доби првото полувреме со 2.1, но на крајот шампионот славеше со 2:3.

Реал победе со голот на Валверде во 14. минута, но радоста на гостите ја скратија головите на Манди 35’ и Карваљо 37’ со кои Бетис направи целосен пресврт и на пауза замина со водство од 2:1.

 

Во вториот дел работите тргнаа добро за момците на Зидан. Уште во 48. минута домашните сами го погодија својот гол и на Реал му донесоа израмнување на 2:2. Следуваше црвен картон за Емерсон во 67. минута, по што Бетис со играч помалку не успеа да се одбрани. На 8 минути пред крајот гостите добија пенал, кој капитенот Рамос го претвори во гол за победа, 2:3.

Standings provided by SofaScore LiveScore