БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ НА БАЛИ: Ангажирале 4.400 инфлуенсери за промовирање на „НОВАТА ЕРА НА ТУРИЗМОТ“

26.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ НА БАЛИ: Ангажирале 4.400 инфлуенсери за промовирање на „НОВАТА ЕРА НА ТУРИЗМОТ“

Индонезискиот остров Бали ќе ангажира 4.400 инфлуенсери за да го оживее туризмот погоден од пандемијата на вирусот корона.

Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување околу Бали од октомври до ноември и ќе ги објавуваат своите искуства на социјалните мрежи како дел од кампањата „Го сакаме Бали“, се вели во соопштението на туристичката организација на островот, пренесува „Бизлајф“.

„Ковид-19 нанесе сериозен удар врз економијата на Бали, социјалниот и здравствениот сектор, вклучително и туризмот“, соопшти организацијата, додавајќи дека околу 75.000 туристички работници останале без работа.

Целта на кампањата е да се промовира „новата ера на туризам“ во која посетителите мора да ги почитуваат здравствените препораки за носење маски, социјално растојание и редовно миење на рацете, се вели во соопштението.

Бали беше отворен за туристи од другите делови на Индонезија на крајот на јули, а планот за отворање за туристите во септември не успеа како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со вирусот корона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата