ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ! Осум најчести грешки што ги прават жените со обоена коса

26.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ! Осум најчести грешки што ги прават жените со обоена коса

Боењето на косата е едноставен процес, но некои од грешките честопати се повторуваат без причина.

Грижата за обоена коса бара поголемо внимание и е понапорна од грижата за природната боја на косата. Многу жени кои се фарбаат, прават одредени грешки за кои не се свесни.

Ја миете косата следниот ден по боење (фарбањето).

Премногу често ја миете косата

Поради хемикалиите во бојата, косата е почувствителна на вода. Секако, тоа не значи дека не треба да се туширате, туку едноставно избегнувајте премногу плакнење на косата. Ова е најчестата грешка што ја прават жените. По боењето, не треба да ја миете косата најмалку 72 часа, советуваат експертите. Неопходно е да се почека три дена за бојата да биде целосно "примена". На тој начин ќе трае подолго.

Боење на веќе обоена коса

Ако не сте целосно задоволни со резултатот од боењето во салонот, и сакате сами да го „поправите“ дома, само ќе ја влошите ситуацијата. Експертите советуваат дека никогаш да не ставајте нова боја на свежо обоена коса.

Плакнете со топла вода

Кога ја исплакнувате косата, поставете ја температурата на водата на млака или студена. Топла вода го крева надворешниот слој, и ова е една од најчестите причини зошто бојата исчезнува. Колку е потопла водата, толку побрзо се губи бојата.

Не ставате регенератор на обоена коса

Обоената коса повеќе ќе стане сува и кршлива, па затоа треба да се третира со специјални балсами за обоена коса. Регенераторот создава заштитна бариера што може да спречи брзо пашање на бојата. Нанесете регенератор секогаш кога ќе ја измиете косата со шампон, дури и ако косата е совршено убава и „здрава“.

Грубо ја триете косата со крпа

Прекумерното триење на косата со крпа може да ја избледи бојата и да ги исуши краевите, тврдат експертите. Значи, претпочитате да ја избришете косата целосно лесно, и оставете ја да се исуши природно.

Премногу користење пегла или фен за коса

Бојата на косата е чувствителна на топлина. За да избегнете уништување, ставете заштитен спреј.

Го заборавате сјајот

Протеинските слоеви на косата ја рефлектираат светлината, но бојата може да се меша во тоа. За да и го вратите сјајот на вашата коса, користете серум, спреј за сјај или друг третман за обновување на косата.

Премногу се изложувате на сончевите зраци

Ако поминувате многу време на сонце, носете капа за бојата да не исчезне или да не го изгуби својот сјај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата