Двете децении од НАТО бомбардирањето на Југославија ќе бидат одбележани во Србија и Косово

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двете децении од НАТО бомбардирањето на Југославија ќе бидат одбележани во Србија и Косово

Денеска во Србија и на Косово ќе бидат одбележани 20-те години од бомбардирањето на НАТО на Југославија.

Имено, во Србија најавено е одржувањето на повеќе комеморативни манифестации. Денот на сеќавање на настраданите во воената кампања на НАТО ќе биде одбележан во Ниш, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и претставници на војската, црквата, дипломатскиот кор и граѓани.

Во Косово, претставници на институциите во Приштина ќе го одбележат бомбардирањето во присуство на амбасадори, бидејќи НАТО интервенцијата во 1999 година, Косово ја слави како ослободување на денешната држава. Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај рече дека воздушната акција на Алијансата ставила крај на трагедијата на косовскиот народ.

На денешен ден, пред точно 20 години, од италијансаката база во Авиано полетаа првите авиони, кои и во следните 78 дена бомбардираа цели ширум Србија, со цел признавање на косовската независност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата