Европски експерт: Бомбардирањето на Југославија е стратешка грешка на ЕУ

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европски експерт: Бомбардирањето на Југославија е стратешка грешка на ЕУ

За Европската Унија, бомбардирањето на Југославија во 1999 година беше стратешка грешка, смета шефот на Центарот за геополитички истражувања, „Еуроконтинент“, Пјер Емануел Томан, пренесе „Спутник“.

„Сметам дека тоа беше стратешка грешка. Тоа од НАТО направи организација која е одговорна за безбедноста на Европјаните и е доминантна во однос на Европската Унија. ЕУ и европските членки на НАТО направија од себе заложници на геополитичките приоритети на САД“, вели експертот и додава дека смета оти кризата во ЕУ почнала делумно во овој период.

Тој ги оцени како лажни изјавите дека бомбардирањето било хуманитарна интервенција.

„Тоа беше направено за да се прикријат вистинските геополитички интереси на атлантистите, кои сакаа да ја распарчат Југославија, да ја оттргнат Русија од Балканот и да ги насочат балканските земји кон НАТО“, изјави Томан.

Тој додаде дека резултат од бомбардирањето е создавање на нефункционални држави како што се Косово и Босна и Херцеговина, кои не можат да постојат без европски субвенции.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата