(Видео) Свештеник од Канада прободен при телевизиски пренос на богослужба

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Свештеник од Канада прободен при телевизиски пренос на богослужба

Канадскиот свештеник Клод Гру бил прободен неколку пати со нож, за време на утринска миса во црква во Монтреал.

Нападот е снимен бидејќи богослужбата се пренесувала на локален католички телевизиски канал.

Во еден момент, видно гневен маж му се приближува на свештеникот односно почнуа да трча по истиот. Иако Гру забележа дека нешто не е во ред и почна да бега, не усеа да му побегне на напаѓачот кој го прободел неколку пати. Во тие моменти, многу верници се разбегаа во паника. Свештеникот бил префрлен во болница каде што му биле констатирани помали повреди во горниот дел од телото, пишува британски „Мирор“.

Напаѓачот е во притвор, но сè уште не е познато зошто тој се одлучил на ваков потег.

„Напаѓачот беше многу решителен во својата намера. Не извика ништо, не кажа ништо, туку само го извлече ножот“, раскажал еден од сведоците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата