(Видео) Истражување: Направени детални слики од срце на бебе во матка

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Истражување: Направени детални слики од срце на бебе во матка

Научници успеале да направат досега невидени фотографии од срцето на бебето додека тоа се уште е во матката. Бремени жени биле скенирани во МРИ машина, а моќни компјутери направиле 3Д модели од малите срциња во неродените бебиња.

Тимот на Кралскиот колеџ во Лондон, соопшти дека ќе ја подобрат грижата за бебињата со вродена срцева болест. Итражувачите велат дека нивниот пристап би можеле да го усвојат и болниците.

Со оваа метода ќе може да се контролираат и навремено да се преземат одредени чекори во спречување на срцевите заболувања кај бебињата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата