Италијанскиот Каљари ја засили одбраната со искусниот 34-годишен Диего Годин. Уругваецот го напушти Интер пред неколку денови откако минатата сезона дојде како засилување, а не се изнаигра на „Меаца“, па сега ја смени средината и потпиша за екипата од Сардинија.

Потпиша договорот до јуни 2023 година.

Годин се прослави како фудбалер на Атлетико Мадрид каде играше девет години, а претходно беше член на Виљареал и уругвајските Насионал и Серо. Исто така играше на три Светски првенства со репрезентацијата на Уругвај.