ШТА УРАДИ ЈАДАН? Џони Деп си го повреди вратот во Црна Гора (ФОТО)

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШТА УРАДИ ЈАДАН? Џони Деп си го повреди вратот во Црна Гора (ФОТО)

Холивудскиот актер се здоби со повреда на вратот при на снимањето на последните кадри од филмот „Минамата“ во црногорскиот град Тиват.

Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам.

Информацијата за повредата на Деп на Фејсбук ја објави самата Бергам Грандис, која го имобилизирала вратот на актерот.

– Мојот пациент нешто се вкочанил за време на снимањето на филмот „Минамата“, објави Бергам Грандис на Фејсбук под фотографијата со Деп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата