Од 50 кафиња дневно до обид за зборување со мртвите - ЧУДНИ НАВИКИ НА ПОЗНАТИТЕ ПИСАТЕЛИ

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од 50 кафиња дневно до обид за зборување со мртвите - ЧУДНИ НАВИКИ НА ПОЗНАТИТЕ ПИСАТЕЛИ

Писателите честопати се однесуваат како нестварни суштества кои практикуваат необични навики. Понекогаш се повеќе популарни, покрај нивниот талент, односно поради необичните каприци стануваат попознати.

Погледнете ги навиките на секоја од нив:

Гертруда Штајн

Инспирацијата ја наоѓала во рутинските задачи, без разлика каде се наоѓа. На пример, таа можела да започне да пишува додека седи во автомобил додека нејзиниот партнер оди до продавница. За неа, зафатените улици и сообраќајниот метеж во Париз претставувале силен извор на инспирација.

Владимир Набоков

Набоков користел индекс-картичка на која пишувал романи. Ги чувал во мала кутија и можел да ги преуреди во секое време. Под перницата чувал и неколку такви картички, во случај да одеднаш добие идеја. Така, тој секогаш бил подготвен да запише што и да му текне.

Џејн Остин

Џејн Остин длабоко се грижела за нејзините ликови. Се грижела толку многу што ги замислувала нивните идни животи дури и откако ќе завршела со пишувањето на романот.

Оноре де Балзак

Оноре де Балзак наоѓал инспирација за пишување на своите дела пиејќи кафе. Така, тој знаел да пие до 50 шолји кафе на ден. Студиите покажуваат дека Балзак воопшто не спиел додека го пишувал романот „Чичко Горио“. Очигледно причината била количината на кафе што ја испил.

Артур Конан Дојл

Иако неговиот Шерлок Холмс е исклучително разумен херој, самиот Конан Дојл не бил толку рационален. Тој се посветил на спиритуализмот по смртта на неговиот син во Првата светска војна и дури се обидел да разговара со мртвите. Тој исто така верувал дека неговиот пријател Хари Худини има волшебна моќ, без разлика колку Худини го уверувал во спротивното.

Ден Браун

Браун верува дека најдобриот лек за надминување на блокадата при пишување е да се обеси наопаку. Тој тврди дека оваа „терапија“ му помага да се опушти и да се концентрира на пишувањето. Тој исто така држи песочен часовник на својата работна маса и ја одложува работата секој час за да се истегне, прави склекови и стомачни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата