Борусија Дортмунд го официјализира трансферот на 16-годишниот англиски напаѓач Џејми Бајно-Гитенс кој доаѓа од школата на Манчестер Сити, од каде што претходно беше донесен и Џејдон Санчо. Овој играч може да игра на повеќе позиции во нападот, но засега нема да биде дел од првиот тим туку ќе игра за екипата до 19 години.

Ова лето Борусија се засили со уште еден англиски тинејџер – Џад Белингам (17) кој веќе заигра за првиот тим и веќе реализира гол.