Бранителот на шампионската титула во Азија екипата на Ал Хилал е исфрлена од азиската Лига на шампиони поради големиот број на заразени играчи во своите редови. Екипата се најде во проблем за вчерашниот меч со Шабаб Ал Ахли од Дубаи затоа што имаше само 11 играчи за овој меч од кои осум фудбалери и тројца голмани. Тренерот го поднесе списокот на играчи кои ќе настапат, но делегатот не го прифати затоа што се нарушени правилата, минимум 13 фудбалери да има спремни за меч.

Денеска Азиската фудбалска конфедерација одлучи да ги поништи сите резултати на Ал Хилал во групната фаза и да го исфрли клубот од натпреварувањето. Па така место него во нокаут фазата ќе оди третопласираната екипа.

Па така во следната фаза од таа група одат Шабаб Ал Ахли и Пахтакор. Па така во осминафиналето ќе играат двата истоимени клуба Ал Ахли од Саудиска Арабија и Шабаб Ал Ахли од ОАЕ.