ЉУБОВТА КОН ФУДБАЛОТ Е ЧУДО: Емотивна реакција на дете кое доби дрес за подарок (ВИДЕО)

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЉУБОВТА КОН ФУДБАЛОТ Е ЧУДО:  Емотивна реакција на дете кое доби дрес за подарок (ВИДЕО)

Уште еден доказ дека фудбалот е најважната споредна работа во светот ни дава видеото со детето што навива за Ботафого, кое за многу кратко време стана вирален хит. Во него, малиот Жоао Виктор не ги крие емоциите во моментот кога добива на подарок дрес од неговиот омилен клуб.

За Жоао Виктор, најголемиот клуб во светот е токму Ботафого и како и многу Бразилци, тој живее и диши заедно со фудбалот.

Неговите најблиски, иако живеат во скромни услови, решија да го изненадат Жоао со подарок кој сметаа дека ќе му се допадне – дрес од неговиот омилен клуб. Додека тој го отвораше подарокот спакуван во неколку кутии и ќеси, неговото семејство со нетрпение ја чекаше реакцијата. 

 

Извор: Кајгана

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата