Руската вакцина се тестира и на ВОЛОНТЕРИ ОД РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руската вакцина се тестира и на ВОЛОНТЕРИ ОД РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ

Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ започнал клинички испитувања на вакцината против коронавирусот „Спутник пет“ на волонтери од ризични групи, вклучително и постари лица, изјавил шефот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Треба да ги чекаме резултатите од тие истражувања, но во основа нашата вакцина е помалку ризична, бидејќи се базира на аденовирус на човек, рекол Дмитријев.

Тој спомена дека не се очекуваат негативни ефекти кај постарите лица и посочи дека неговите татко и мајка, кои имаат по 74 години, биле вакцинирани како волонтери и дека тие се чувствуваат одлично, пренесува „Спутник“.

Во август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против Ковид-19 „Спутник пет“, којашто ја разви центарот „Гамалеј“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.

Во моментов е во тек последната фаза на тестирање на вакцините, во која учествуваат голем број волонтери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата