Скопјани се советуваат како правилно и совесно да постапуваат со отпадот

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани се советуваат како правилно и совесно да постапуваат со отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје соопшти дека секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабастиот и градежниот отпад од страна на граѓаните. Оттаму велат дека и покрај бројните интервенции од страна на нивните екипи, многу локации во градот Скопје претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

Еко-патролата и Службата за едукација при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, деновиве спроведоа едукативна акција во општината Аеродром, со цел да им укажат на Скопјани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад.

Граѓаните беа едуцирани дека, според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, а беа информирани и за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата