Се сликале со ОРЛИ И КАЛАШИ ВО СРБИЈА, полицијата им упадна дома

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се сликале со ОРЛИ И КАЛАШИ ВО СРБИЈА, полицијата им упадна дома

Во селото Долово, Панчево, на социјалните мрежи почнаа да кружат слики од албанските пекари на кои ги вкрстуваат рацете во облик на орел или симболот на Голема Албанија.

Тие не само што објавуваа фотографии на друштвените мрежи, туку на некои од нивните слики се гледа како држат пушки во рацете пред своите куќи.

После овие провокативни фотографии, селаните ги пријавиле во полицијата, а надлежните извршиле претрес на нивните куќи.

По тој повод вчера на предлог на обвинителството, а по наредба на судиите за претходни прекршоци, Основниот Суд во Панчево, извршен е претрес на нивните станови и други локации, на кое не е пронајдено огнено оружје ниту други предмети што сносат кривично дело.

Во понатамошниот тек на истрагата, ќе се утврдат причините за настанатите фотографии и зошто пекарите провоцирале со пушки.

Се очекува полицијата да го расчисти случајот и да ги казни одговорните.

Селаните вчера вечерта се собрале пред локалната пекара и изразувале незадоволство поради провокативните фотографии, на кои сопствениците и вработените во пекарата ги објавиле на друштвените мрежи, покажувајќи симболи од Голема Албанија. Сопствениците на пекарата веќе неколку години со семејствата живеат и работат во Долово, Панчево.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата