ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ - Пајакот НЕ спие!

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ - Пајакот НЕ спие!

Во текот на изминатата недела (17 – 23 септември) на територијата на Град Скопје, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, како што информираат од Град Скопје, 28 возила се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 330 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 368 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, соопштија од Град Скопје.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Воедно од таму апелират до сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата