Отворена првата читалница во општина Шуто Оризари

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отворена првата читалница во општина Шуто Оризари

Првпат во општина Шуто Оризари се отвори читалница за потребите на студентите Роми од оваа општина.

Читалницата, која е позиционирана во просториите на СУГС „Шаип Јусуф“, е отворена со поддршка на локалната самоуправа во соработка со ова училиште, а по во иницирање на студентите Роми.

На отворањето се обрати градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој истакна дека читалницата се отвора за потребите на студентите со цел обезбедување простор за учење.

Тој напомена дека вратите на Општината се отворени за сите младински иницијативи и нови идеи. Потребни се млади Роми со желба и ентузијазам да придонесат во заедницата бидејќи само преку позитивни примери се развива просперитетно општество. Општината е отворена за сите барања шро се во наша надлежност. Вие треба да бидете огледало за помладите генерации“, истакна градоначалникот Курто Дудуш.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата