Опожарени четири плевни и една куќа во струшко Мороишта

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опожарени четири плевни и една куќа во струшко Мороишта

Пожар на нива лоцирана во близина на струшкото село Мороишта бил пријавен на 20 март.

Како што информираат од МВР, во пожарот опожарени биле четири плевни и една куќа.

Целосно изгореле над 10.000 квадратни метри нискостеблеста вегетација и кабли од електрични столбови.

Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица. На 21 март на местото извршен бил увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата