Ана Севиќ со жесток одговор до Дарко Лазиќ за неговите тврдења дека го изневерувала со Даниел додека биле во брак

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Севиќ со жесток одговор до Дарко Лазиќ за неговите тврдења дека го изневерувала со Даниел додека биле во брак

Пеачката со порака се огласила на социјалните мрежи, објавила и селфи со својот дечко.

Откако Дарко Лазиќ изнел непознати детали од бракот со Ана Севиќ во кој вели дека го изневерувала со сегашниот дечко Даниел Недељковуиќ се додека тој не дознал, се огласила и пеачката.

Ана веднаш откако медиумите ја објавиле изјавата на Дарко се огласила на социјалните мрежи, освен што ја објавила заедничката фотографија со Даниел, следела и индиректна порака.

- Ако ме прашате која е најдобра освета, јас велам среќа, бидејќи луѓето побудалуваат кога ќе ве видат среќни – објавила Ана.

Нешто порано, Ана објавила слика со Даниел, со кого е во врска повеќе од една година, а на неа ставила и срце.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата