Веб-страницата Android Central состави листа од најдобри смартфони, кои можат да се купат по цена пониска од 300 долари (265 долари)

Многу уреди кои влегуваат во оваа категорија, посебно ако се земат во предвид моделите на бројните кинески производители.

Motorola со години е водечко име кога се во прашање телефоните од средната класа, па и во овој избор ја зазема највисоката позиција. Тука се, меѓутоа, и одличните опции кои за релативно ниска сума на пари ја донесуваат брендовите како што се Huawei или Nokia.

Листата на Android Central изгледа вака (наведените цени потекнуваат од сајтот на Amazon):

1. Motorola Moto G7 – 300$

– Snapdragon 632 чипсет, 4GB RAM, 64GB интерна меморија, USB-C приклучок, брзо полнење.

2. Samsung Galaxy A7 – 285$

– Екран со дијагоанала од 6 инчи, 128GB за складирање податоци, 3.300mAh батерија, стандарден 3,5 mm приклучок зa слушалки.

3. Huawei P20 Lite – 255$

– Одличен дизајн на куќиштето од стакло и метал, батерија од 3,000mAh

4. Honor 7X – 220$

– Octa-core Kirin 659 чипсет, 4GB RAM, батерија од 3,340mAh

5. Nokia 6.1 – 219$

– 5,5-инчен 1080p LCD екран, Android One

6. Motorola Moto E5 – 123$

– Snapdragon 425 процесор, огромна батерија од 5.000mAh

извор: USB.mk

1

loading...
loading...

Најчитани вести