Македонија – Франција 0:7(0:3)

Арена Тодор Проески

Без гледачи

Стрелци: Ла Сомер 14, 18 (п), Катото 21, Де Алмеида 51 88, Торент 78, Асеи 80(п)

Македонија: Панчурова, Положани, Јошевска, Колароска, Живиќ, Милеска, Јаковска (Велевска 90), Мустафа (Петровска 86‘), Шемшовиќ, Максути, Салихи (Чубриновска 80‘)

Франција: Пеар, Карашуи (Морони 65‘), Де Алмеида, КАскарино, Торент, Ла Сомер, Билбо, Асеи, МАлар, Катото, Каскарино (Дали 61‘)

Женската македонска репрезентација вечерва го одигра шестиот меч од тековните квалификации, против соодветната репрезентација на Франција, и според сите најави и очекувања високо е поразена со 0:6.

Не може да им се замери на изрбаничките на селекторот Кирил Изов, ама баш ништо, напротив тие треба да бидат пофалени за обидот што подобро да се одбранат од големиот фаворит. И добро го сторија тоа, едноставно противникот е пресилен.

Пофалба за сите наши фудбалерки кои истрчаа, покриваа, затворија колку што можеа. Голманот Викторија Панчурова спаси уште минимум толку голови колку што прими, браво за неа.

Од друга страна пак Франција ја покажа барем во поле сета своја сила, сиот свој квалитет кој несомнено го поседува. А како и не би покажала кога во нејзините редови, имаше пет фудбалерки од Европскиот шампион Лион. За нив најважно беше да дојдат до бодовите, планирани секако, а ние да добиеме уште едени деведесет минути искуство играње со светскиот фудбалски женски крем.