Ракометарите на Металург со предност од два гола патуваат на реваншот со Криенс. За денешниот дуел во Скопје и минималната предност која неговиот тим ќе ја понесе на гостувањето во Швајцарија, тренерот на „металурзите“, Зоран Кастратовиќ вели:

„Сигурно сум задоволен од одбраната во првите 20 минути, меѓутоа со толку трчање од страна на противникот, а транзицијата е нивниот анјдобар дел од играта, играчите се потрошија. Интензитетот на играта во одбрана беше намален. Што се однесува до нападот, евидентно е дека имавме слаба реализација од десната бековска позиција, а од левата не бевме конкретни“.

За следниот дуел додава:

„Како и пред овој меч, така и за следниот мораме да бидеме максимално подготвени. Денеска имавме и падови и искачувања, и се надевам дека таму нема да дозволиме да направиме толкав број на технички грешки, особено како денеска во второто полувреме да имаме толку промашувања.“