Фудбалерите на Салцбург и Краснодар обезбедија минимална предност по првите мечеви од плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување под капата на УЕФА. Австријците со пресврт во второто полувреме на гостувањето во Тел Авив стигнаа до победа од 2:1 над Макаби, додека екипата на Краснодар успеа да се врати исто така до победа со пресврт во вторите 45 минути на средбата со грчки ПАОК.

Дуелот во Прага меѓу екипите на Славија и Мидјиланд не донесе погодок (0:0) и реваншот во Данска ќе одлучува за тимот кој ќе ја види групната фаза од ЛШ.

МАКАБИ ТА – САЛЦБУРГ 📹

КРАСНОДАР – ПАОК 📹

 

ЛШ – ПЛЕЈ-ОФ

(први средби)

Славија (П) – Мидјиланд 0:0

Макаби ТА – Салцбург 1:2

Краснодар – ПАОК 2:1