Менаџерот на Вест Хем Јунајтед, Дејвид Мојс, вечерва доби позитивен тест резултат на Ковид-19. Заедно со него, двајца играчи се исто така позитивни на последното тестирање.

Заедно со Мојс, Иса Диоп и Џош Кален се позитивни, а резултатите ги добиле непосредно пред вечерашниот дуел кој „чеканите“ го играа со Хал во Лига Купот.

Мојс, Диоп и Кален веднаш го напуштија стадионот, сите без симптоми, и ќе мора да ги следат правилата и протоколите.