Ај Кју се враќаат со нова музика полна со воздишки, а богами и скокотлив текст

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ај Кју се враќаат со нова музика полна со воздишки, а богами и скокотлив текст

Бендот којшто го држи рекордот за најслушана песна од македонски изведувач на Спотифај, евровизиската „Лост анд Фаунд“ која воедно во февруари и март 2018 година беше помеѓу највртените 10 евровизиски песни на Јутјуб, реши да се вгнезди помеѓу својата најбројна фан-база од Европа, во Велика Британија, Лондон. А токму 22 март ја означува и музичката пролет за „Ај Кју“, кога на свет доаѓа заводливата „Денсин“, а тие настапуваат на однапред распродадено шоу во „Ројал Воксал Таверн“ во центарот на Лондон.

За оваа песна која ја напиша Бојан, снимен е и спот во кој Марија суптилно заведува со својот претпознатлив сензуален танц. Она меко движење кое ја внесува во филм и ја отсликува атмосферата на целиот музички вајб. Текстот е по малку скокотлив и тоа уште повеќе доаѓа до израз со шепотењето во првата половина од песната, за на крај да кулминираат желбите и копнежите на динамичното дуо.

Спотот е снимен во филмско студио во Лондон од тим на професионалци водени од режисерот Џејмс Галант кој одлично ги вклопил Бојан и Марија да пливаат во една лежерна и мистична атмосфера во боите на кавер арт-от од песната, и да се заокружи целото доживување каде гитарата и пеењето говорат на јазикот на страста. Слушнете ја новата песна:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата