Шилегов повторно ветува тунел под скопското Кале, ама ќе доцнел 5 години

21.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шилегов повторно ветува тунел под скопското Кале, ама ќе доцнел 5 години

Тунелот под калето ќе биде готов во следните 5 години, а не во 2022 година како што првично се ветуваше, тврди скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Според него, по откажувањето на првичниот проект со една турска компанија, кон крајот на месецов ќе имало нова тендерска постапка. Според проценките на Град Скопје, изградбата на целата инфраструктура за тунелот би чинела околу 30 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата