Во Кисела Вода собрани 7 тони кабаст отпад

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кисела Вода собрани 7 тони кабаст отпад

Со акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода во сработка со ЈП „Комунална хигиена“ ја започна вчера, досега во урбаните заедници Црниче и Пржино биле собрани 7 тони отпад, соопштија од општината.

Покрај оваа акција, во истите урбани заедници се одвиваат и активности за расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани на тротоарите, улиците и тревните површини. Се средуваат детските игралишта, а се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема ќе продолжи да се одвива следната седмица во четврток и петок во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница. Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата