Актуелниот шампион Реал Мадрид ја отвори сезоната во Ла Лига со реми без голови против Реал Сосиедад и тоа на „Аноета“. Зидан реши да почне со Бензема во нападот, а од позадина триото Родриго, Одегард и Винисиус. Сепак, тоа не даде резултат, во вториот дел менуваше меѓутоа тоа не донесе промена на резултатот.

Во 37 минута играчите на Реал бараа пенал откако еден играч на Сосиедад играше со рака, но судијата Мунуера не свирна пенал ни откако прегледа снимка. А домашните имаа огромна шанса во 44 минута кога Исак излезе сам пред Куртоа, но голманот на Реал го одбрани неговиот удар.

Во 62 минута и Карим Бензема се закани но неговиот удар го одбрани домашниот голман. Потоа следуваше здодевен меч. Шансите изостанаа и така се стигна до последниот свиреж на судијата и до резултат 0:0.

„Игравме организирано, не му дозволивме на противникот многу шанси освен онаа на Исак во која јас одбранив. Целта е да се даваат голови, а ние игравме офанзивно но, сепак, не креиравме доволно опасни шанси пред нивниот гол“, изјави Куртоа.