Не само Артуро Видал. Интер може да добие уште еден голем играч од Барселона, а тоа е Луис Суарез, пренесува „Кориере дела Сера“. Уругваецот беше поврзуван со Јувентус, но пред неколку денови работата се изјалови и тој остана во Барселона.

Но Интер може да го ангажира и уште повеќе да ги засили своите редови. Во Интер на Суарез нема да му биде потребно италијански пасош затоа што Конте има место за уште двајца фудбалери кои не се од државите во ЕУ.

Можно е да видиме и размена. Лаутаро Мартинез да отиде во Барселона, а да доплати и да го испрати Суарез на „Меаца“.