ПСЖ дојде до втората победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Ница славеше со 0-3 во рамките на 4. коло во Лига 1. Ова беше лесна задача за актуелниот француски првак, кој поведе во 38. минута со голот на Мбапе од белата точка. Францускиот фудбалер се врати во редовите на ПСЖ по паузата од три кола поради пандемијата на коронавирус, а „светците“ заиграа помоќно.

Пред одморот Ди Мариа зголеми на 0-2. Доминацијата продолжи и во второто полувреме, во 66. минута Маркињос зголеми на 3-0, нешто подоцна ВАР му поништи гол на Мбапе.

ПСЖ по четири кола има скор од две победи и два порази.