МАЛИОТ ВУК ЈА ПОБЕДИ СМРТТА, НО ГИ ИЗГУБИ ДВАТА РОДИТЕЛИ: Еве што се случува со бебето

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАЛИОТ ВУК ЈА ПОБЕДИ СМРТТА, НО ГИ ИЗГУБИ ДВАТА РОДИТЕЛИ: Еве што се случува со бебето

Бебето на кое татко му Стефан Илиќ(26) и мајка му Јована Миленковиќ(25) настрадаа во тешката сообраќајна несреќа кај Крушевац на 10 јануари на патот Крушевац-Ѓунис, излезе од болница точно два месеца после трагедијата. Грижата за него ја превзела тетка му Теодора.

Тешката несреќа која ја шокираше Србија се случи кога Јована тргнала во болница да се породи. На Чокотино брдо, кај Крушевац во фиат пунтото во кое освен Јована и Стефан, се наоѓале и таткото на Јована, Саша Миленковиќ и сестра и Теодора, удрил автобус на Југопревоз. Од силината на ударот, Стефан починал на место, додека трудната Јована е префрлена во болница, каде се породила со царски рез.
Меѓутоа набрзо откако на свет го донела малото момче, Јована исто така ја изгубила битката за живот.

Како што се дознава, малиот Вук е пуштен од болница, а неговата состојба е стабилна.

Бебето сега е добро. Во стабилна состојба е и пуштено е после прегледите на лекарите. Секако се уште ќе биде под терапија и лекарски надзор. Бебето не е оперирано, иако уште во стомак, доживеало траума. Лекарите дале се од себе бидејќи детето било во тешка состојба и животно загрозено – рекле од болницата.

Според информациите грижата за малиот ќе ја превземе сестрата на настраданата Јована, која исто така била во автомобилот кога се случила нереќата, но за среќа полесно е повредена.

Таа ќе поднесе барање да и се додели старателство, а сега за семејството е најважно што Вук си дојде дома. Благодарни сме на Бога што малиот преживеа и што нивните семејства ќе имаат утеха после трагичната смрт на Јована и Стефан – рекол извор близок на семејството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата