Рома не успеа да победи на стартот на новата сезона во Серија А. На вториот дуел од новоотворената сезона во Серија А, „римската волчица“ одигра без голови (0:0) на гостувањето кај Верона во меч во кој и двата тима имаа шанса за победа, но во клучните моменти затаи реализацијата.

Интересно е што Верона и натаму од 1996 година не знае за победа на домашен терен против Рома, која на последните две гостувања на овој стадион победуваше прилично лесно, но денеска не успеа да дојде макар до гол за три бода.