Арсенал ја оствари и втората сезонска победа во Премиер лигата откако вечерва го доби и градското дерби со Вест Хем со 2:1. Во цврст меч во кој и двата тима имаа свои моменти, сепак, „точиите“ покажаа повеќе и сосема заслужено ги инкасираа трите бода на своето конто кое ги носи на самиот врв на табелата.

Домашните поведоа со голот на Александре Лаказет во 25. минута, кој практично беше негов јубилеен 50-ти гол во дресот на Арсенал. Вест Хем не се предаде, напротив, успеа да воспостави теренска рамнотежа, по што стигна и израмнувањето.

Антонио погоди во последната минута во првиот дел за израмнување на 1:1.

Во второто полувреме долго се чекаше на гол за решрение. Стигна по една одлична двојна комбинација меѓу Себаљос и Нкетиа, по што младиот 21-годишен голгетер на Арсенал погоди во мрежата на противникот за 2:1 што беше и конечен резултат на дуелот.