Општина Аеродром ќе ги презентира мерките за вработување

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Аеродром ќе ги презентира мерките за вработување

Општина Аеродром ги поканува работодавците и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија на презентацијата на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година.

Презентацијата ќе се одржи в понеделник, во просториите на Општина Аеродром со почеток во 10:30 часот, во присуство на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Со овие мерки се очекува да се поттикне вработувањето и креирањето нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, како и во граѓанските (непрофитни) организации.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата