Ураган ја УДРИ Грција! Невремето однесе два живота (Видео)

19.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ураган ја УДРИ Грција! Невремето однесе два живота (Видео)

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција, однесе два живота, исто така, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.

Како што пренесува Ројтерс, во поплавена куќа во едно село кај градот Фарсал е пронајдено безживотно тело на постара жена, а подоцна и тело на 63-годишен маж, и тоа во близина на градот Кардика.

Во прекин е железничката линија меѓу Атина и Солун, а има поплави и прекини и во снабдувањето со електричната енергија. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата