Шок во таборот на Тотенхем. Имено Герет Бејл попладнево не ги минал лекарските прегледи. Велшанецот е повреден и тој ќе биде во аут најмалку еден месец. Тоа значи дека Тотенхем и Мурињо не ќе можат да сметаат на своето мега засилување за дуелот со Шкендија, дуел од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа кој ќе се одигра во Скопје на 24 септември.

Ова секако дека е лоша вест за сите во таборот на “спарси“, ова е шок и за Жозе Мурињо кој од Бејл очекува многу, посебно во Премиерлигата, а сега ќе мора без неговите услуги најмалку еден месец.