Баерн Минхен го „уби“ Шалке на стартот на сезоната во Бундес лигата. Го победи со 8:0, а со тоа тимот од Минхен ја запиша најубедливата победа на некоја екипа на стартот на сезоната. Претходниот рекорд го држеше Баерн кој во 2016 година го победи Вердер со 6:0. Сега го подобри својот рекорд.

Сепак ова не е севкупно највисока победа на Баерн над ривал во Бундес лигата. Апсолутниот рекорд им е против Борусија Дортмунд на 27 ноември 1971 година со 11:1. Но, сепак, е највисока победа над Шалке. Претходната највисока победа над клубот од Гелзенкирхен изнесуваше 7:0 во 1976 година.

Серж Гнарби реализира хет-трик на овој меч, а првиот гол го постигна во 4. минута. Тоа е најбрзиот гол во 1. коло после Торстен Фрингс кој исто така реализира за Борусија Дортмунд во 4. минута пред 18 години.

Роберт Левандовски погоди од пенал. Полјакот ја тресе мрежата на Шалке на десеттиот меѓусебен дуел.

Во финишот на мечот во игра влезе Џамал Мусиала. Десет минути по влегувањето постигна гол. Со само 17 години, 6 месеци и 23 дена тој е најмладиот стрелец на гол за Баерн во Бундес лигата. Сепак, тој е само на петото место на најмладите стрелци во најсилната германска лига во историјата. Прв е Флоријан Вирц кој за Леверкузен на 6 јуни 2020 стрелаше со 17 години, 1 месец и 3 дена.