Неверојатно. На првиот меч во Бундес лигата седум гола. Баерн Минхен го разнесе Шалке 04 со 8:0. Баварската машина, инаку бранител на титулата ја почна сезоната фуриозно, гостинот распарчен и понижен на „Алијанц арената“.

Уште во првото полувреме Баерн имаше предност од 3:0. По дваесет минути игра Гнарби и Горецка донесоа водство на Баерн од 2:0, а во 31 минута Левандовски зголеми од пенал.

На стартот на вториот дел уште два гола на Гнарби за да комплетира хет-трик, а по него погодија уште Томас Милер, дебитантот Лирој Сане и точка стави 17-годишниот Џамал Мусиала и тоа десет минути откако влезе во игра на местото на Гнарби.