Фудбалскиот сојуз на Аргентина го објави прелиминарниот список на селекторот Лионел Скалони за првите два квалификациски средби за СП 2022 против Еквадор (дома) и Боливија (гости).

Секако дека не е изненадување што во него е Лео Меси, но изненадување е што ги нема Ди Марија и Агуеро, овој вториот е повреден. На овој список ги нема играчите од домашниот шампионат, а се очекува дека некои од тие што се на списокот нема да дојдат ако добијат забрана од своите клубови поради Ковид-19.

Според медиумите во Аргентина, мало изненадување е што тука се Факундо Медина, Кристијан Павон, Емилијано Мартинез, Валтер Каненман и Папу Гомез.