Е.Пелистер 2 дојде до втората победа во низа во Супер-лигата го совлада Млаз Богданци со 22-30 и остана во конкуренција за првите три места на табелата во групата Б, каде Металург и Бутел Скопје имаат од „три од три“.

Неизвесност имаше во воведните минути, битолчани со серија до 6-0 поведоа со 5-12, на одморот заминаа со водство од 9-16. Во вториот дел следеше полесната задача, ракометарите на Богданци немаа решение за нападот на Е.Пелистер кој дојде и до двоицфрени водство од 18-28.

Кузманоски имаше осум гола, додека Талевски постигна пет погодоци, во редовите на домашниот тим Лупашко запиша седум гола.

Со овој дуел е комплетирано третото коло во групата Б, веќе е познато дека мечевите од групата А се ставени во мирување 15 дена поради Ковид-19 во редовите на Голден Арт КЛ7 и Радовиш.