Принцот Чарлс и Камила уживаат на Карибите

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Чарлс и Камила уживаат на Карибите

За принцот Чарлс (70) и неговата Камила (71) пролетните празници веќе почнаа. Кралската двојка се наоѓа на Карибите, каде што беа снимени додека уживаат на плажа.

Наследникот на британскиот престол и неговата сопруга се наоѓаат во 12-дневна посета на Карибите, но и покрај кралските обврски, најдоа слободно време за да одат на плажа. Принцот во костим за капење не е виден уште од 80-тите години кога беше во Сиднеј. Камила за плажа избра едноделен костим за капење во кралска сина боја, а костимот на Чарлс беше со цветен дезен.

Покрај нив беа и чуварите кои им додаваа крпи и внимаваа на нивната безбедност. На возраст од 71 година Чарлс може да се пофали со добра форма за што е заслужно вежбањето. Инаку, тој е поранешно воено лице и поранешен страстен поло-играч.

Гаќите за капење што ги носи Чарлс се од брендот „Вилебреквин“, а ги обожаваат и Бред Пит и Џорџ Клуни, овој модел чини 180 фунти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата