МЗТ Скопје е победник и тоа убедлив на првата од двете закажни пријателски средби со Левски Лукоил. Македонскиот тим без проблем дојде до триумфот, славеше со 94-74. Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски имаа по 17 поени, Феми Олуџоби имаше два поени помалку, додека Гравен Хасани запиша десет поени.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов доминираа во текот на целиот меч. Уште во првата четвртина со серија од 17-3 дојдоа до двоцифрена позитива од 19-8, а потоа и до највисоки 31-15. До крајот немаше промени, не му дозволија на противникот да направи пресврт.

Во редовите на Левски Л. со 24 поени најефикасен бепе поранешниот „металец“, Јордан Минчев.

Втората средба се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14 часот.