По долги години во Бундес лигата Невен Суботиќ одлучи да ја продолжи кариерата во турската Супер лига. Српскиот интернационалец во 2006 година дебитираше во најсилната германска лига во дресот на Мајнц, од 2008 до 2018 играше за Борусија Дортмунд, една сезона помина во француски Сент Етјен, за да се врати во Германија и минатата сезона ја помина во дебитантот Унион Берлин.

Сега го напушти берлинскиот клуб и потпиша за турскиот Денизлиспор каде што тренер е хрватскиот стратег Роберт Просинечки.

Една од главните причини поради која одлучив да дојдам во Денизли е Роберт Просинечки. Чест ќе ми биде да работам со такво големо фудбалско име. Клубот и раководството беа сериозни и упорни да ме донесат“, изјави Суботиќ.