Уште еден интересен меч се одигра денеска во рамките на третото коло во Супер-лигата. Во Кавадарци Тиквеш беше домаќин на Бутел Скопје, победата отиде на сметка на гостите, кои славеа со 22-25.

Фавортитот на оваа средба не мина според очекувањата, кавадарчани се покажаа како цврст противник, добро го испотија составот на Бутел Скопје. По првото полувреме имаа водство од 12-9. Во овој период ја имаа контролата на мечот, одржуваа позитива од три гола, а пред самиот крај таа се искачи на плус 4, но гостите реализираа во последниот напад.

Очекувано, сликата на теренот се смени. Со серија од 5-1 „бутелци“ поведоа со 16-20, од овој момент до самиот крај не им дозволија на ракометарите на Тиквеш да направат пресврт.

За Бутел Скопје ова е трета победа, додека за кавадарчани трет пораз.

Медиќ, Јанчев и Симиќ беше ударното трио на Тиквеш, постигнаа по пет гола, кај победникот Мајиќ одново блескаше, овој пат постигна 13 погодоци, осум имаше Ѓеоргиевски.