Екипата на Прилеп дојде до првата победа сезонава, откако на гостувањето кај Работнички славеше со убедливи 29-34 во рамките на третото коло во Супер-лигата.

Двата тима одиграа интересно прво полувреме, во кое водството се менуваше, а нешто помала доминација имаа гостите. Избраниците на Горан Кузманоски поведоа со 3-5, на другата страна домашниот состав брзо се врати во ритам, па дојде на плус два 9-7. На полувремето со позитива сепак заминаа прилепчани (15-17).

Прилеп го наметна своето темпо по одморот, со добра одбрана и уште подобар напад лесно го отвори патот кон првите два бода оваа сезона, на крајот сосема заслужено славеше со 29-34.

Чантурија и Чурлевски беше ударниот тандем на гостинскиот состав, постигнаа по шест погодоци, кај Работнички, кој го запиша третиот пораз, Атанасовски имаше исто толку гола.