ДАЛИ Е РЕАЛНА? На СЕ*С советите на оваа докторка сите им се смеат

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДАЛИ Е РЕАЛНА? На СЕ*С советите на оваа докторка сите им се смеат

Objavljeno: 18.09.2020. 19:23h

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Сексот за време на пандемија може да биде комплициран, вели водечката канадска лекарка Тереза Там, која препорачува двојките да не се бакнуваат и да носат маски и додека водат љубов. Нејзините зборови на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции.

Д-р Тереза Там го предводи тимот стручњаци во борба против короната во Канада. 

„Сексуалното здравје е важен дел од општото здравје. Сепак, сексот може да биде комплициран за време на ковид-19. Сексуалната активност со најмал ризик е кога сте сами со себе“, вели таа. 

За оние кои сакаат да излезат од својата сигурна зона и да се „дружат“ со партнер, Там предлага некои чекори кои ќе го намалат ризикот, а тука е меѓу другото и одбегнувањето на контактот лице во лице. Партнерите би требало, вели таа, и за време на сексот да носат маски кои ги покриваат носот и устата.

„Моменталните докази кои ги имаме покажуваат дека мала е веројатноста дека короната може да се пренесе со сперма или вагинални течности. Сепак, дури и ако партнерите немаат симптоми, сексуалната активност со нов партнер го зголемува ризикот од зараза со близок контакт како што е бакнежот“, вели докторката. 

Сексот треба да се избегнува ако некој од партнерите има симптоми на ковид-19, а се сугерира „лимитирана“ консумација на алкохо и други супстанци за партнерите на носат одговорни и сигурни одлуки. 

Се разбира, еден од главните совети кој важеше и пред пандемијата е сигурен секс, односно употреба на кондом.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата